КАКО СЕ ИЗРАБОТУВААТ КРЕАЦИИ – ИЗЛОЖБА ВО ФРАНЦУСКИОТ ИНСТИТУТ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

„Низ процесот на моделирање и изработка на креации“ е насловот на изложбата која ќе се отвори вечерва во 18, 30 часот во Францускиот институт во Скопје.

Изложбата ќе го претстави работниот процес мулаж, кој ги обединува модните техники и уметноста на скулптурата, преку моделите на студентите на Интернационален институт за мода.

Изложбата претставува прв дел од модниот проект за оваа зима насловен како „ИН витрини во Францускиот институт во Скопје“.

На отворањето, Ханифе Билали ќе направи презентација на тема за нови модните трендови, по нејзиниот престој во Париз.