Франшизата „Притаено зло“ (Resident Evil) ќе биде проширена и со ТВ-серија, чие снимање е потврдено од „Нетфликс“.
Стриминг гигантот објави дека серијата заснована врз популарната јапонска видеоигра ќе има осум едночасовни епизоди. Таа е опишана како сосема нова приказна, раширена на два различни временски периоди.
Видеоиграта „Притаено зло“ се појави во 1996 година и стана една од најпродаваните на сите времиња, а според неа се снимени шест филмови со Мила Јовович во главната улога.