Доколку сакате да трчате, сигурно не постојат многу работи кои би ве спречиле во тоа, освен студеното зимско време. Одеднаш, џогирањето се попречува од течење на носот, вкочанетост на прстите и севкупната вкочанетост на вашите тело и зглобови. Следете ги овие совети за подобро зимско трчање.
Ако носите неколку слоеви облека, но многу брзо се загревате и почнувате да се потите во голема мера, тогаш размислете убаво што ќе одберете за облекување следниот пат. Ако надвор температурата е ниска, но е сончево, одлучете се за помалку слоеви облека. Ако излезете на вечерно трчање, добра идеја е да носите дополнителна блуза со долги ракави. Кога би успеале да се загреете уште пред да излезете, нема да ви биде толку студено кога трчате.
Ако имате тешкотии со вдишувањето на студен воздух, пробајте да дишете низ носот само кога можете. Носењето ски маска може да го загрее воздухот што го вдишувате преку уста, но не секогаш. Добро е да носите марамчиња за секој случај, за трчањето да не ви стане здодевно.
Ако почувствувате дека ви замрзнуваат ушите, носете топла капа, но доколку ви пречи, носете марама или штитници за уши со гумена трака.
Избегнувајте чорапи кои ги одвојуваат прстите, што само ќе ги направат постудени. Наместо тоа, облечете обични чорапи. Секогаш кога гледате дека станува навистина студено, на пример -5 степени, облечете два пара чорапи.