ТЕМАТСКИ ПАРК ВО ТАЈЛАНД СОЗДАВА НЕВЕРОЈАТНИ „ЛЕДЕНИ“ СКУЛПТУРИ ОД БЕЛ ПЕСОК (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Патаја, (АФП)

Тематски парк во близина на Патаја, Тајланд, користи бел песок за да имитира мраз и да создаде колекција на неверојатни скулптури.

Дел од скулптурите во паркот „Frost Magical Ice of Siamнавистина се направени од мраз и тие се наоѓаат во ледена купола, каде што температурата е смрзнувачки -10 Целзиусови степени. Надвор, посетителите мора да се штитат од сонцето, шетајќи меѓу импресивните експонати на температури над 30 степени.

Голем дел од скулптурите претставуваат чудовишта од азиските легенди.

(Фото: АФП)