Калифорнија се наоѓа среде некои од најголемите пожари во својата историја, кои однесоа најмалку 11 животи и изгореа површина од речиси еден милион хектари, односно 10 милијарди квадратни метри.
Обидувајќи се да ги долови вистинските размери на пожарите во Калифорнија, Би-Би-Си вели дека тие досега зафатиле површина десет пати поголема од Њујорк, а на секои 30 минути изгори површина од 500 хектари, што е рамно на 1.000 фудбалски терени. Тоа значи дека за 24 часа на западниот брег на САД изгори територија голема колку главниот град Вашингтон.
Лани во Калифорнија имало 4.927 пожари, при што изгореле 59.000 хектари, а оваа година нивната бројка е 7.606 со далеку поголема зафатена површина. Три од пожарите кои избувнале во август се меѓу петте најголеми во историјата на оваа сојузна држава.
Сателитските снимки на НАСА покажаа дека од вселената се гледа трага од чад долга речиси 2.000 километри.