СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ ПОЧНА СО ИЗЛОЖБА НА КАРДУЛА И РЕТРОСПЕКТИВА НА ФЕЛИНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со изложбата на Зоран Кардула, проекцијата на австралиско-британскот филм „Вистинската историја на бандата Кели“ и со филм од ретроспективата на Федерико Фелини вчера почна 23. издание на Скопје филм фестивал, кој се одржува на отворено во предворјето на Кинотеката, која прими максимално дозволен број посетители.

Во галеријата на Кинотеката македонскиот уметник и дизајнер Кардула ги претставува своите верзии на плакати од филмовите на Фелини, на изложбата која ќе биде отворена до крајот на фестивалот.

Кардула со своите верзии на плакати од филмовите на Фелини (Фото: СФФ)

„Прашање беше, како и секаде, дали фестивалот треба да се одржи и во која форма. Одлучивме да го преместиме во септември и на отворено, за да им овозможиме на гледачите колку што е можно да уживаат во подвижните слики. Како што се покажа насекаде во светот, особено со оглед на траењето на оваа вонредна состојба, публиката е желна за култура, која дефинитивно не е луксуз, туку потреба“, порача актерот Павел Маслов на отворањето на фестивалот, кој ќе трае до 12 септември.