Фановите на „Марвел“ ќе мора малку да почекаат на нови филмови.
„Дизни“ објави дека уште еднаш го одложил излегувањето на долгоочекуваниот филм со Скарлет Јохансон, „Блек Видоу“, чија премиера е поместена на 7 мај 2021. Оригинално, филмот требаше да излезе на стартот на годинашната летна сезона на 1 мај, но поради коронавирусот беше одложен за 6 ноември. Најновата одлука значи дека „Блек Видоу“ ќе излезе со цела година задоцнување.
Ова предизвика домино ефект за другите нови наслови на „Марвел/Дизни“. „Вечните“, кој беше најавен за 12 февруари 2021, сега треба да излезе на 5 ноември, додека „Шанг Чи и легендата за десетте прстени“ е поместен од 7 мај 2021 на 9 јули.
Оваа година нема да излезе ни новата верзија на „Приказна од западната страна“, што ја снима Стивен Спилберг. Премиерата е префрлена од 18 декември 2020 на 10 декември следната година.