Министерството за образование и наука ја лансираше единствената национална платформа за онлајн настава, која е достапна преку веб-страницата www.schools.mk. Таа ќе може да се користи на сите електронски уреди.
На страницата се поставени видеоупатства и прирачници за едноставно и лесно водење на корисниците низ платформата, а Министерството им наложи на училиштата да им ги достават корисничките лозинки на учениците.
Учебната година почнува на 1 октомври, децата од прво до трето одделение ќе одат на училиште, а за повозрасните ученици, Владата одобри настава со физичко присуство во 169 основни и во четири средни училишта.