Авторката на насловната песна за новиот филм за Џејмс Бонд, Били Ајлиш, го објави спотот за песната, два дена пред продукцијата да го најави четвртото одложување на премиерата.
„Не е време за умирање“ првично требаше да излезе на 8 ноември 2019, па се презакажа за 14 февруари 2020. Потоа беше најавено дека светската премиера ќе се одржи на 31 март во Ројал Алберт хол во Лондон, но поради пандемијата на ковид-19 беше преместена во ноември. Продуцените вчера објавија дека нов датум е 2 април 2021.
18-годишната Ајлиш, која е авторка на песната заедно со нејзиниот брат, е најмладата музичарка која напишала и пее насловна песна за Бонд филм.
Новиот филм за Бонд досега претрпи повеќе турбуленции. Во ноември 2018, режисерот Кери Фукунага го замени Дени Бојл и го преработи неговото сценарио. На 8 јануари годинава беше објавено дека продуцентите одлучија да го променат композиторот и го ангажираа оскаровецот Ханс Зимер.