Бројот на заразени со коронавирус во Македонија продолжува забрзано да расте паралелно со трендот во Европа и денеска беше достигнат нов плафон со над 500 нови случаи.
- 535 нови случаи на коронавирус се откриени меѓу направените 2.445 тестирања во изминатите 24 часа, дури 90 повеќе од вчерашниот рекорд.
- Тие се распоредени во 27 градови, но убедливо најмногу се во Скопје – 277, па следуваат Струмица со 30, Прилеп со 26 и Гевгелија со 24.
- За неполни осум месеци, во Македонија има 22.170 потврдени случаи на коронавирус.
- Уште шест лица починаа од ковид-19, вкупно 815 досега.
- Бројот на активни случаи порасна на 4.597.