Осмоодделенецот Матеј Цветковски од Радовиш е добитник на првата награда во проектот „Видео игротека“ за изработка на концепт за видеоигра на тема зачувување на животната средина, организиран од Унијата на македонски професионални асоцијации во креативни индустрии УМПАКИ Скопје. Целта на проектот е да се промовира етички однос кон природата.
Неговиот концепт за игра насловена „Valley of Sprouts“ беше избран за најдобар меѓу повеќе пријавени на повикот, што беше распишан кон крајот на септември.
Тричленото жири составено од Гораст Цветковски, Саша Станишиќ и Петар Котевски им ја додели втората награда на шестоодделенецот Матеј Цветковски и осмоодделенецот Максим Ѓоргиев за нивниот заеднички концепт за играта „Haunted House“.