ВЛАДАТА ЌЕ ПРОГЛАСИ КРИЗНА СОСТОЈБА ДОДЕКА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС НАДМИНА 50.000

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Место полициски час и построги рестриктивни мерки, Владата на предлог на претседателот Стево Пендаровски ќе воведе кризна состојба на територијата на целата земја, во обид да се скроти ширењето на коронавирусот и да се намали притисокот со кој почнаа да се соочуваат болниците поради зголемениот број пациенти.

  • Кризната состојба ќе ѝ даде законска можност на Владата да управува со ресурсите на државните органи, јавните претпријатија, единиците на локална самоуправа и на приватните здравствени установи.
  • Премиерот Заев кажа дека кризната состојба ќе биде прогласена најдоцна до утревечер и ќе биде на сила 30 дена.
  • Во последните 24 часа се потврдени уште 1.198 случаи на коронавирус (од 3.081 тест), 208 помалку од вчера, кога беше поставен нов рекорд.
  • Ковид-19 однесе уште 26 животи во Македонија на возраст од 37 до 88 години.
  • Македонија ја надмина бројката од 50.000 заразени од почетокот на епидемијата (51.213), од што 1.423 луѓе починаа.
  • Моментално во земјава има 19.586 активни случаи на коронавирус, од кои половина се во Скопје.