АРХЕОЛОШКОТО БОГАТСТВО НА СТОБИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСКУСИ ПРЕКУ НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Екипа од националната установа Археолошки локалитет Стоби ја направи новата мобилна апликација за виртуелна реалност „Стоби Еду“, која наскоро ќе биде достапна за преземање. Апликацијата ќе овозможи преку мобилните телефони да се искуси посета на римскиот театар на Стоби и да се доживее минатото на еден сосема нов начин.

„Достапноста на новите технологии дава можност апликацијата ‘Стоби Еду’ да се користи и во рамките на самиот образовен процес. Апликацијата може да ја збогати наставната содржина во повеќе предмети во основно и средно образование преку интерактивно визуелно доживување на културното наследство“, велат од НУ Стоби.

„Стоби Еду“ е резултат на соработката помеѓу центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“ и Националниот институт Стоби, со поддршка на Министерството за култура.