РЕСТАВРИРАНИ МОЗАИЦИ ОД ПЕТ ОБЈЕКТИ ВО ЛОКАЛИТЕТОТ СТОБИ

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Дел од мозаиците во археолошкиот локалитет Стоби се обработени и вратени на местото каде што биле поставени, велат од Националната установа Стоби. Конзерваторскиот тим, предводен од Томе Филов, работел на овие активности во изминатите неколку месеци.

Со реставрацијата биле опфатени мозаици од пет различни објекти.

(Фото: НУ Стоби)

„Мозаиците биле извадени од оригиналната местоположба во неколку наврати од 1970 до 2016 година и беа во лоша состојба. Беа обработени од задната страна, поставени на нов носач од алуминиумско саќе и потоа складирани во просторија со адекватни услови за чување на овој тип културно наследство. Еден дел од сегментите беа вратени на нивната оригинална местоположба, како што е случајот со Презвитериумот на старата Епископска базилика и со тоа станаа повторно достапни за посетителите на Стоби“, рече Филов.

П. ПЕЧКОВ