МОНИКА МОТЕСКА СЕ ПРЕТСТАВУВА ВО ЧИФТЕ АМАМ СО ПРОЕКТОТ „ВЕЗЕЊЕ ВО КАМЕН“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска во 10 часот, во Чифте амам ќе биде отворен мултимедијалниот проект „Везење во камен” на Моника Мотеска. Просторот ќе биде анимиран со меѓусебно поврзани визуелни дела, од класични цртежи и слики до видео и аудиоинсталации. Кустос на изложбата е Ана Франговска.

Инспирацијата за концептот Матоска ја пронаоѓа во своите корени: нејзиниот роден Прилеп, предметите од семејната куќа, приказните на баба ѝ, како и во макотрпната работа на македонскиот народ, тутуноберачите, мермерот, вечната борба помеѓу животот и смртта, опстојувањето и оставањето трага.

Мотеска досега имала околу 20 самостојни изложби во земјата и во странство, а учествувала и на голем број групни изложби.

К. СЕЛАМОВСКА