По Мајк Тајсон, и непоразениот боксерски шампион Флојд Мејведер ќе се врати во ринг за егзибициски меч, а негов противник ќе биде еден од најпопуларните јутјубери Логан Пол. Овој дуел ќе се случи на 20 февруари следната година.
Четириесет и тригодишниот Мејведер нема ниеден пораз во досегашните 50 мечеви, а последен пат се бореше во 2017 година, кога го совлада Конор Мекгрегор во еден од најбогатите дуели во боксерската историја. Пол (25), кој има 22 милиони следбеници на Јутјуб, зад себе има само еден професионален меч, во 2019 година, кога беше поразен.
За борбата Мејведер-Пол се шпекулираше неколку месеци, откако двајцата разменуваа навреди на социјални мрежи. Се очекува нивниот дуел да привлече огромен број претплатници.