Македонија дополнително го скрати работното време на угостителските објекти во обид да се забави ширењето на коронавирусот во наредниот период, додека голем број европски земји уште повеќе ги заоструваат мерките и затворањата во пресрет на празниците.
- Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести рестораните, кафеаните и кафулињата да работат до 18 часот.
- Оваа мерка ќе биде на сила од 18 декември до 21 јануари.
- Се забрануваат сите организирани прослави на Нова година на отворено и во затворено.
- Германија, Холандија, Чешка, Италија и Данска се меѓу земјите кои воведоа најстроги рестрикции за претстојниот празничен период.
- 881 нов случај на зараза е потврден во изминатите 24 часа, при што биле направени 2.902 тестирања.
- Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 74.732 заразени лица.
- Ковид-19 однесе уште 22 животи во Македонија, вкупно 2.169 досега.
- Во земјата моментално има 21.711 активни случаи на коронавирус.