33 УМЕТНИЦИ ОД ДЛУМ СЕ ИНСПИРИРАА ОД ПРИРОДАТА ЗА ИЗЛОЖБАТА „МАЛ ФОРМАТ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Изложбата „Мал формат“ на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) денеска ќе се отвори во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје.

„Темите се слободни и можеме да забележиме замор од оваа тешка и специфична година, па така има враќање кон природата и пејзажот, но во колорит и композиции кои ќе нѐ замислат“, велат од ДЛУМ.

Учествуваат 33 автори-членови на ДЛУМ: Ана Ивановска, Ана Спасова, Ангелца Стоиљковиќ, Блашка Миева, Дејан Иванов, Дијана Томиќ-Радевска, Дита Старова, Душан Георгиевски, Емилија Божиновска, Златко Бојковски, Златко Глигоров, ЗулељехаЗубери Али, Ивона Велковска, Игњат Шќекиќ, Илина Арсова, Јовица Мијалковиќ, Љубица Мешкова-Солак, Љупчо Бојаров, Маја Димитреова, Маја Кировска, Марија Светиева, Марина Цветановска-Мартиновска, Марјана Костојчиновска-Узунчева, Мирјана Крстева Масети, Никола Смилков, Перо Кованцалиев, Петра Јовановска, Силвана Атанасовска, Слободан Милошевски, Стефан Димовски, Стефан Хаџи-Николов, Тања Таневска и Шќипе Мехмети.

Уметничкиот совет на ДЛУМ наградата за „Мал формат“ му ја додели на Дејан Иванов-Маргуш за делото „Осоговски пејзаж“. Од КИЦ беа доделени три награди: „Адем Кастрати“ на Златко Бојковски, „Константин Коце-Мазев“ на Марија Светиева и „Вангел Коџоман“ на Дита Старова-Ќерими.