ДОКУМЕНТАРЕЦОТ ЗА „БИТЛС“ ЌЕ ГИ ПРИКАЖЕ ЧЛЕНОВИТЕ КАКО ГОЛЕМИ ДРУГАРИ, ВЕЛИ ПИТЕР ЏЕКСОН

Лондон, (Индипендент)

Режисерот Питер Џексон го објави трејлерот за неговиот нов документарец за „Битлс“. Творецот на „Господар на прстените“ го режираше „Beatles: Get Back“, кој содржи снимки од времето кога бендот работел на својот последен студиски албум „Let It Be“ во 1970. Премиерата е најавена за 27 август 2021.

„Материјалите за документарецот се 56-часовни снимки што претходно не биле објавени. Филмот требаше да биде готов досега, но се одолжи поради ситуацијата со коронавирусот. Сега монтираме во Нов Зеланд, каде, за среќа, ситуацијата е под контрола”, вели режисерот.

Џексон во филмот се обидува да ги оспори тврдењата дека албумот е правен во време кога членовите на бендот веќе не биле во добри односи. Со цел да ги прикаже врската помеѓу членовите и нивното другарство, тој исекол некои снимки на кои се гледа нетрпеливост. Филмот е направен во соработка со Пол Макартни, Ринго Стар и вдовиците на Џон Ленон и Џорџ Харисон.

„Имаше денови кога со часови седевме, се смеевме и свиревме, нешто сосема спротивно од она што е прикажано во филмот ‘Let It Be’. Имаше многу радост и мислам дека Питер ќе го долови и прикаже тоа“, изјави Стар.