ИЗЛОЖБА ЗА СКОПСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ ПРЕД 8 МИЛЕНИУМИ ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Денес во 12 часот во Музејот на Град Скопје, во Галеријата Белогаски, ќе се отвори изложбата „Скопје пред 8 милениуми – 4: Занаетчии и земјоделци од Церје-Говрлево.”

Од Музејот велат дека ова е е последната од четирите планирани изложби поврзани со неолитскиот локалитет Церје-Говрлево, во кои се претставуваат високите дострели во материјалната култура на неолитскиот човек.

На изложбата ќе биде претставена материјалната култура на неолитскиот човек пред 8 и 7 милениуми и ќе бидат изложени дел од симболичките предмети изработени од различни суровини – камен, керамика, животинска коска, заб, школка и предмети чијашто намена не е позната.

К. СЕЛАМОВСКА