Традиционалната Новогодишна ЗОО бајка во скопската Зоолошка градина ќе се одржи утре во 12 часот, по сите протоколи за заштита од ковид-19.
„Во пресрет на Новата година, за вас подготвивме новогодишна театарска претстава која ќе ве одведе во земјата на омилениот Дедо Мраз, а во 13 тој со магичното вовче ќе допатува директно во Скопје ЗОО и ќе подели подароци“, најавува Зоолошката градина.
Оттаму потсетсуваат дека носењето заштитна маска е задолжително.