НОВОГОДИШНА ПРЕТСТАВА СО ДЕДО МРАЗ УТРЕ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Традиционалната Новогодишна ЗОО бајка во скопската Зоолошка градина ќе се одржи утре во 12 часот, по сите протоколи за заштита од ковид-19.

„Во пресрет на Новата година, за вас подготвивме новогодишна театарска претстава која ќе ве одведе во земјата на омилениот Дедо Мраз, а во 13 тој со магичното вовче ќе допатува директно во Скопје ЗОО и ќе подели подароци“, најавува Зоолошката градина.

Оттаму потсетсуваат дека носењето заштитна маска е задолжително.