Свеченото доделување на музичките награди Греми нема да се одржи месецов во Лос Анџелес, туку ќе се пренесува онлајн во март поради порастот на бројот на новозаболени и починати од ковид-19 во областа. Музичкото шоу, кое вообичаено се одржува на 31 јануари, е поместено на 14 март во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес.
„Влошената состојба со ковид-19 во Лос Анџелес и пренатрупувањето на болниците со пациенти, како и новите насоки од властите и консултациите со здравствени експерти нѐ донесоа до оваа одлука“, изјавија организаторите.
Лос Анџелес е најтешко погодената област во САД од почетокот на епидемијата со 818.000 заразени и над 10.700 починати од ковид-19.