НЕКОИ ОД НАЈИСЧЕКУВАНИТЕ ФИЛМОВИ ВО 2021 ТРЕБАШЕ ДА ИЗЛЕЗАТ ЛАНИ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

2020 не беше добра година за филмската индустрија. Пандемијата на коронавирусот ги затвори киносалите, давајќи им поттик на стриминг сервисите и ги натера големите филмски студија да одложуваат премиери. Добар дел од тие долгоочекувани наслови ќе излезат оваа година.

The United States vs. Billie Holiday

Новата драма на Ли Даниелс го следи судскиот процес против џез дивата Били Холидеј откако таа во 1947 година е уапсена за поседување дрога. Во насловната улога е Андра Деј.

Премиера: 26 февруари.

The Many Saints of Newark

Синот на покојниот Џејмс Гандолфини, Мајкл, како младиот Тони Сопрано (Фото: Гети)

Четиринаесет години по завршувањето на серијата „Сопранови“, доаѓа филм за потеклото на легендарното ТВ-семејство, што се случува во 1960-ите и 1970-ите. Младата верзија на Тони Сопрано го игра синот на покојниот Џејмс Гандолфини, Мајкл.

Премиера: 11 март.

No Time To Die

Со одложување од цела година, проследено со низа проблеми во продукцијата, конечно ќе го видиме 25. филм за Џејмс Бонд, последен за Даниел Крег. Злосторниците се двајца оскаровци, Кристоф Валц и Рами Малек.

Премиера: 2 април.

A Quiet Place 2

Во режија на Џон Красински, „Тивко место“ беше еден од највозбудливите филмови во 2018, иако во него има многу малку зборување и звуци. Емили Блант се враќа во главната улога, а Красински повторно е режисер и сценарист.

Премиера: 22 април.

Ghostbusters: Afterlife

Најавен како директно продолжение на двата филма од 1980-ите, режисерот Џејсон Рајтман, покрај новата генерација истерувачи на духови, успеа да ги собере и оригиналните ѕвезди Бил Мареј, Ден Ејкројд, Сигурни Вивер… Место Менхетн, дејството се случува во селска средина.

Премиера: 11 јуни.

Top Gun: Maverick

Том Круз по 35 години се враќа во авионски кокпит

35 години подоцна, Пит Маверик Мичел (Том Круз) е капетан, а неговиот стар ривал Ајсмен (Вал Килмер) генерал со четири ѕвезди. Недостига само Кели Мекгилис, а нов љубовен интерес на Круз е Џенифер Коноли.

Премиера: 2 јули.

Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings

Марвел“ лани не објави ниеден филм. Овој се фокусира на Шанг-Чи, мајсторот на кунг фу, а во главни улоги се исклучиво актери со азиско потекло.

Премиера: 9 јули

Dune

Денис Вилнев сними нова верзија на епскиот научно-фантастичен роман на Френк Херберт. Наречен „Војна на ѕвездите“ за возрасни, „Дина“ ја има една од најимпресивните актерски постави на годината.

Премиера: 1 октомври.

The Last Duel

Новиот филм на Ридли Скот е историска драма сместена во Франција во 14. век. Сценариото го напишаа Бен Афлек и Мет Дејмон, кој е еден од учесниците во дуелот, заедно со Адам Драјвер.

Премиера: 14 октомври.

Eternals

Екипата на новиот блокбастер на „Марвел“, „Eternals“

Анџелина Џоли, Кумаил Нанџијани, Ричард Маден и Брајан Тајри Хенри се бесмртни вонземски суштества кои тајно живееле на Земјата илјадници години и ги обликувале нејзините цивилизации и историја. Тие се обединуваат за да се борат против злите Девијанти.

Премиера: 5 ноември.

Nightmare Alley

Откако освои оскари за „Обликот на водата“, Гилјермо дел Торо се враќа со адаптација на роман кој беше подлога за истоимениот филм ноар од 1947 година. Во главни улоги се Бредли Купер и Кејт Бланшет.

Премиера: 3 декември.

West Side Story

Стивен Спилберг влезе во светот на мјузикли со новата верзија на класичното бродвејско дело на Леонард Бернштајн и Стивен Соденхајм. Ансел Елгорт и малку познатата Рејчел Зиглер ги преземаат улогите на Тони и Марија.

Премиера: 9 декември.