КРИСТЕН СТЈУАРТ ЈА ГЛУМИ ДИЈАНА ВО НОВИОТ ФИЛМ „СПЕНСЕР“

Лондон, (Индипендент)

Кристен Стјуарт го снима биографскиот филм за британската принцеза Дијана, која почина во 1997, насловен „Спенсер“. Продукцијата ја објави првата фотографија од Стјуарт како Леди Ди.

Во режија на Чилеанецот Пабло Лараин, кој ги сними „Џеки“ и „Неруда“, филмот се фокусира на еден клучен викенд од животот на Дијана. Таа ги поминува божиќните празници со членовите на кралското семејство на имотот во Норфолк и носи одлука да стави крај на бракот со принцот Чарлс.

Филмот се снима во Велика Британија и Германија и премиерата е најавена за наесен. Во актерската екипа се и Тимоти Спaл, Сeли Хокинс и Шон Харис.

„Филмот е длабоко нурнување во тој клучен момент од животот на Дијана“, рече Стјуарт.