Денеска и утре, во киното Фросина во Младински културен центар (МКЦ) за првпат ќе се одржи „Skopje Frames“, меѓународен фестивал на краток филм.
Од МКЦ велат дека фестивалот се стреми да инспирира, унапреди и овозможи поддршка за креирање кратки филмови, особено во време кога пандемијата на ковид-19 има значително влијание врз филмската индустрија.
Програмата е составена од 12 филмoви, кои ќе се прикажуваат денеска и утре во 18, 20 и 22 часот: „Construct 42“ во режија на Никола Ангеловски, „Freight“ од Сава Живковиќ, „Winner“ од Семјуел Чован, „Apelul – The Call“ од Сефун Захарија, „Downfall“ од Бредли Коксер, „You Know What I Have Nightmares About“ од Аглаја Филиповиќ, „Black And Faulty“ од Марко Џамбазоски, „Little One“ од Ана Андонова, „Mr. World“ од Јосип Трајкоски, „Aladdin’s Kitchen“ од Стефан Красиќ, „Deaflands“ од Бруно Велјановски и „Babush“ од Владислав Гавриловски.
Билетите се достапи само преку bileti.mkc.mk.