Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио ги откри радикалните планови за претворање на коловозните ленти на двата моста преку Ист Ривер во велосипедски патеки и изградба на пет нови велосипедски улици низ градот, како одговор на пандемијата на ковид-19.
Проектот наречен „Мостови за луѓето“ беше најавен на 29 јануари, како дел од програмата на градоначалникот Де Блазио за 2021 година.
„Мостовите Бруклин и Квинсборо се легендарни и длабоко испреплетени во секојдневниот живот на безброј жители на Њујорк. Сега е време да ги внесеме во 21. век и да ја прифатиме иднината со радикален нов план“, рече Де Блазио.
Коловозната лента на 152 години стариот мост Бруклин ќе биде претворена во двонасочна велосипедска патека и ќе биде заштитена од сообраќај. Постојната надворешна лента за велосипеди сега ќе стане место за пешаци.