НОСЕТЕ ПЛАТНЕНА ВРЗ ХИРУРШКА МАСКА ЗА НАЈДОБРА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ВЕЛИ ГЕРМАНСКИ ЕКСПЕРТ

Берлин, (ДПА)
FOR FACE MASK STORY USE

„Хиерархијата” на заштитните маски станува појасна од кога било. Додека маските ФФП2 и Н95 можат да спречат вдишување на честички од вируси, маските од ткаенина се дизајнирани само да ги заштитат другите.

Германија се обидува да го забави ширењето на коронавирусот со воведување на поригорозни мерки, што вклучува задолжително носење поефикасни видови на маски, како ФФП2 и хируршки маски. Но, еден специјалист за аеросоли даде одговор на прашањето дали тоа значи дека треба да ја фрлите вашата домашна платнена маска.

Френк Древник вели дека заштитниот ефект, всушност, може да се подобри ако се носат двете маски истовремено.

„Платнените маски, било да се домашни или купени, можат да го зголемат заштитниот ефект на хируршките маски“, вели Древник од Институтот за хемија „Макс Планк“ во Мајнц.

Тоа е затоа што хируршките маски имаат недостаток и не легнуваат цврсто врз лицето, за разлика од ФФП2 маските.

„Но, ако ставите нешто врз неа, тоа ќе ја притисне подобро врз лицето. Дишењето е малку отежнато со оглед на слоевитоста, но филтрацијата е подобра”, вели Древник.