Котонестер е името на растението кое може да помогне во решавањето на проблемот со загаден воздух, велат експертите за хортикултура.
Научниците од Кралското хортикуларно друштво ја истражуваа ефективноста на живите огради за апсорпција на аерозагадувањето, споредувајќи различни видови на грмушки, како котонестер, глог и западен црвен кедар.
На патиштата со густ сообраќај, растението Cotoneaster franchetii било за 20% поефикасно во апсорпција на загадувањето во споредба со другите грмушки. Други растенија се покажале ефективни во разладувањето на зградите и намалувањето на поплавите, велат истражувачите.
„Знаеме дека за само седум дена, добро одржувана густа жива ограда долга еден метар ќе го избрише загадувањето што го испушта автомобил на 800 километри возење“, вели водачот на на студијата, Тијана Блануса.
Таа предлага растението да се засади покрај патиштата кои се најпрометни, додека во другите, помалку загадени области препорачува да се засади мешавина од повеќе растенија кои биле вклучени во истражувањата.