ТУЛУМБИ МЕРКЕЛКИ ЗА СВЕТИ НИКОЛА ВО ВЛАДА

Скопје,(СМАРТ СДК.МК)

Министерот за надворешни работи Никола Димитров со тулумби меркелки ги почести колегите од владата за својот именден.

Пред почетокот на денешната владина седница, Димитров за верскиот празник Свети Никола во Владата донел тулумби т.н меркелки кои се специјалитет на слаткарница од старата Скопска чаршија.

На денешната 43 седница на предлог на МНР, министрите ќе го разгледаат текстот од предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија.