ПАПАТА ФРАЊО ГО ПРОСЛАВИ 81. РОДЕНДЕН СО ТРИ МЕТРИ ДОЛГА ПИЦА

Рим, (Еј-Би-Си)

Папата Фрањо често покажува дека во многу нешта се разликува од своите претходници.

Тој го прослави 81. роденден во Ватикан, а на забавата му дојдоа деца. Место, како што е ред, со торта, тој ги почести со пица.

„Изедете ја целата пица, таа ќе ви помогне да пораснете“, им рекол папата на своите мали гости.

Во чест на роденденот на папата, беше направена три метри долга пица, а тој дуваше во само една свеќичка.

„Ви благодарам на сите“, кажа папата, откако илјадници деца му ја отпеаја роденденската песна на плоштадот Свети Петар.

Пиците во вака долга форма вообичаено се прават за забави во Италија.