ОСНОВАЧОТ НА ТВИТЕР ГО ПРОДАВА СВОЈОТ ПРВ ТВИТ, ПОНУДИТЕ СТИГНАА ДО 2,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Сан Франциско (Би-Би-Си)

Основачот на Твитер, Џек Дорси, го стави на продажба својот прв твит и понудите стигнаа до 2,5 милиони долари.

„Го поставувам мојот твитер (Just setting up my twittr)“, гласи постот што Дорси го објави на својот профил во март 2006.

Тој ќе биде продаден како криптографски токен (НФТ), уникатен дигитален сертификат, што наведува кој поседува фотографија, видео или некоја друга форма на онлајн медиум. Постот ќе остане јавно видлив на Твитер и откако ќе биде продаден на аукција. Купувачот ќе добие потврда дигитално потпишана и верифицирана од Дорси, како и податоци за оригиналниот твит, иако повеќето од нив се веќе јавно достапни.

Твитот беше понуден на продажба на „Valuables by Cent“, пазар на твитови што беше лансиран пред три месеци.