ЕНДИ МАРЕЈ ГО ДОБИ ЧЕТВРТОТО ДЕТЕ ЗА ПЕТ ГОДИНИ

Лондон, (Си-Ен-Ен)

Енди Мареј се израмни со Роже Федерер, но не во бројот на освоени гренд слем титули, туку во бројот на деца.

Британскиот тенисер се повлече од претстојниот турнир во Дубаи откако неговата сопруга Ким Сирс го роди нивното четврто дете. Двојката не го откри полот на бебето.

Мареј и Сирс се заедно од 2005, а се венчаа десет години подоцна. Тие веќе ги имаат петгодишната ќерка Софија и синовите Еди (три) и Теди (една).

Двократниот освојувач на Вимблдон падна под 100. место на АТП-листата откако во 2019 имаше операција на колкот за да си ја спаси кариерата. Тој претходно го откажа и настапот на Австралија опен поради позитивен тест за коронавирус.