МЕСИ ГО ИЗРАМНИ РЕКОРДОТ НА ЧАВИ – 767 НАСТАПИ ЗА БАРСЕЛОНА

Барселона, (Би-Би-Си)

Тренерот Роналд Куман го опиша Лео Меси како најважниот играч во богатата историја на Барселона, откако тој постигна два гола на средбата со Уеска, на својот 767. настап во дресот на клубот.

Триесет и тригодишниот Меси, кој налето ќе стане слободен играч, се израмни со Чави како играч со најмногу настапи за Барселона, а в недела против Реал Сосиедад несомнено и ќе го преземе рекордот.

Меси го имаше дебито за Барселона на 16 октомври 2004, влегувајќи како резерва на средбата со Еспањол. Оттогаш постигна 661 гол и освои 34 трофеи, од кои 10 титули во шпанското првенство и четири во Лигата на шампионите.