Вечерва во 19 часот ќе се одржи онлајн промоција на книгата „Македонски визуелен идентитет: дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“ од уметницата, дизајнерка и професорка Гордана Вренцоска. Промоцијата ќе биде на Фејсбук страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“.
Оваа книга, која произлезе од истоимената докторска дисертација на авторката, се занимава со македонската визуелна „генетика“ и ги истражува домашните визуелни културни традиции во ерата на брзите и драматични општествени промени.
Вренцоска работи како редовен професор по визуелна уметност и дизајн на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје.