„Клавишите на Арда“ е насловен вечерашниот рецитал од 19 часот во Камерната сала на Филхармонијата, на кој ќе настапи младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу. На програмата се дела од Хајдн, Скарлати, Шуман и Брамс.
Мустафаоглу е студент на Факултетот за музичка уметност и театар во Хамбург. Пијанистичката кариера ја почнал на шестгодишна возраст и има освоено бројни награди на меѓународни натпревари.
За својот придонес за светската афирмација на Скопје, Мустафаоглу ја прими наградата „13 Ноември“.