„ИГРА НА ТРОНОВИ“ ДОБИВА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА

Лондон, (Би-Би-Си)

„Игра на тронови“ станува театарска претстава и се очекува да биде голема атракција на Бродвеј и лондонски Вест Енд. Премиерата е најавена за 2023 година и во неа ќе бидат вклучени некои од најпознатите ликови од епската приказна.

Театарската адаптација ќе ја прават драматургот Данкан Мекмилан и режисерот Доминик Кук, и двајцата Британци, а приказната ќе биде сместена на голем витешки турнир повеќе од една деценија пред настаните во книгите на Џорџ Р. Р. Мартин и хит серијата.

„Претставата треба да биде спектакуларна. Семињата на војната вообичаено се сеат во времето на мирот. Малкумина во Вестерос можеа да претпостават каков колеж ќе следи по собирот во Харенхал, каде што најдобрите витези од кралството се натпреваруваа на голем турнир во Годината на лажна пролет. Овој турнир често се спомнуваа во ТВ-серијата и во моите книги и сега конечно можеме да ја раскажеме оваа приказна… на сцена“, изјави Мартин.

Од познатите ликови кои учествувале на овој турнир се Роберт Баратеон и Џејми Ланистер.