Следните случаи на детективот Беноа Бланк ќе бидат за „Нетфликс“.
Стриминг гигантот објави дека постигнал договор за снимање на две продолженија на крими-комедијата „Нож во грб“ (Knives Out), која лани беше номинирана за Оскар за најдобро оригинално сценарио и заработи 311 милиони долари на киноблагајните.
„Нетфликс“ не откри за колку пари ги купил правата за филмовите, што повторно ќе ги режира Рајан Џонсон, а Даниел Крег ќе се врати во улогата на Бланк. Сајтот „Дедлајн“ објави дека станува збор за сума од околу 450 милиони долари, што претставува една од најголемите аквизиции на „Нетфликс“ досега.
Продукцијата на вториот дел ќе почне ова лето.