МИЛЕНА АРСОВСКА И ФИЛХАРМОНИЈАТА ВЕЧЕРВА СО РЕМЕК-ДЕЛОТО НА МАЛЕР, „ЧЕТВРТАТА СИМФОНИЈА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Сопранистката Милена Арсовска, една од најистакнатите македонски вокални уметници од поновата генерација, е солистка на вечерашниот концерт на Филхармонијата од 19 часот, насловен „Божествениот звук на Малер“. Диригент е Габриел Бебешелеа, а ќе се изведе „Четвртата симфонија“, ремек-дело на австрискиот композитор Густав Малер.

Филхармонијата најавува дека симфонијата е во аранжман на Ијан Фарингтон, кој ја адаптирал за изведба со помал оркестарски состав.

Арсовска има успешна меѓународна кариера. Дипломираше соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрираше на Универзитетот за музика и уметности во Виена. Лани настапи во главната улога во операта „Славеј“ од Стравински во Националната опера во Прага. Имаа пеено и во Германија, Италија, Шведска, Шпанија, Франција, Малта, Холандија и САД.