ЛЕГЕНДАРНИОТ РАПЕР ДИ-ЕМ-ЕКС ВО ТЕШКА СОСТОЈБА ПО ПРЕДОЗИРАЊЕ СО ДРОГА И СРЦЕВ УДАР

Њујорк, (Би-Би-Си)

Легендарниот американски рапер Ди-Ем-Екс се наоѓа во тешка состојба во болница откако доживеал срцев удар. Неговиот адвокат Мареј Ричмен не можеше да ги потврди написите дека инфарктот е последица на предозирањето со дрога, како што објави сајтот ТМЗ.

Педесетгодишниот Ди-Ем-Екс, чие вистинско име е Ерл Симонс, често јавно зборуваше за своите проблеми со дроги и неколку пати одеше на рехабилитација. Тој важи за икона на хип хопот и има соработувано со Џеј-Зи, Џа Рул и Ел-Ел Кул Џеј.

„Тој беше приклучен на апарати за дишење. Сега дише самостојно, но има многу малку мозочни активности“, изјави Ричмен.

Ди-Ем-Екс има објавено осум албуми и трипати беше номиниран за Греми. Пет негови албуми беа на првото место на американската топ листа. Во 1998 година почна и актерска кариера и сними повеќе од 20 филмови.