Ѕвездата на комедиите „Сам дома“ Меколи Калкин објави дека станал татко. Тој и неговата партнерка Бренда Сонг ја добија ќерката Дакота на 5 април.
Бебето е крстено според покојната постара сестра на Калкин, која почина во 2008 година откако беше удрена од автомобил.
„Пресреќни сме со доаѓањето на Дакота“, соопшти двојката.
Четириесетгодишниот Калкин, кој девет години беше во врска со актерката Мила Кунис, и Сонг се запознаа во Тајланд во 2019 додека заедно ја снимаа комедијата „Changeland“.