Годинашната свеченост на доделување Оскари повеќе ќе наликува на филм, отколку на телевизиско шоу, со оглед на тоа што меѓу презентерите ќе бидат имиња како Харисон Форд, Бред Пит, Хали Бери и Рис Витерспун, велат продуцентите.

Статуетките ќе ги доделат и ланските победници Бонг Јон-хо. Рене Зелвегер, Хоакин Феникс и Лора Дерн.

„Сакаме на годинашното шоу да му дадеме пристап како на филм, па затоа собравме ѕвездена постава на филмски уметници. Ќе има толку многу сјај што ќе бидат потребни очила за сонце“, стои во изјавата на продуцентите Џеси Колинс, Стејси Шер и Стивен Содерберг.

Деведесет и третото доделување на Оскарите е закажано на 25 април, а лично ќе присуствуваат само презентерите, номинираните и нивните гости.