Музичарот и продуцент Драган Иванов познат како Драги (Druggy) објави спот за својата нова песна насловена „Кензо Танге“.
Тој вели дека песната и видеото прикажуваат револт кон градежното силување кое му се случува на Скопје во последните неколку декади. Зад видеопродукцијата стои Дарко Новевски.
Со оваа песна, Иванов го најавува новиот албум насловен „Неврзаните“, коj излегува наскоро.