НОВИОТ СТАН НА ЛЕО МЕСИ ОД 7,3 МИЛИОНИ ДОЛАРИ СОДРЖИ 1.000 ШИШИЊА ВИНО

Мајами, (Сан)

Лео Меси издвоил 7,3 милиони долари за стан во Мајами соодветен на фудбалски крал.

Луксузниот апартман го зафаќа целиот деветти спрат во зградата „Регалија“ и од терасата од 195 квадратни метри се отвора прекрасен поглед на океанот. Станот има четири спални соби, четири бањи, поглед од 360 степени, како и винарска визба од 51 квадратен метар со 1.000 шишиња вино. Покрај приватниот базен, семејството на Меси има пристап до вкупно шест базени.

Станот го зафаќа целиот деветти спрат во зградата „Регалија“

Регалија“ располага со спа и фитнес центар, студио за јога, детска игротека, бар за шампањско, како и готвач на повик.

Ова не е прв имот што Меси го купува во оваа област, откако пред две години стана сопственик на пет милиони долари вреден стан во кулата „Порше дизајн“.