ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА ВО 21 ЧАСОТ, КАФУЛИЊАТА И РЕСТОРАНИТЕ ПОВТОРНО ОТВОРЕНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска повторно се ублажуваат рестриктивните мерки во Македонија, при што малку се скратува полицискиот час и повторно се отвораат угостителските објекти.

  • Од вечерва, општата забрана за движење ќе почнува во 21, место во 20 часот и ќе трае до пет часот.
  • Исклучок од забраната ќе има во вечерните часови на 1 мај поради Велигден и на 13 мај за Рамазан Бајрам.
  • Оваа мерка ќе биде на сила до 15 мај.
  • Кафулињата, рестораните и кафеаните повторно работат од денеска, но само отворениот дел, односно терасите. Нивното работно време ќе биде до 20:30 часот.
  • Останува забраната за работа на теретаните, фитнес центрите и спортските сали во кои се вежба во затворено.
  • Во изминатите десет дена, бројот на новозаразени со коронавирус е под 1.000.
  • Во земјава моментално има 15.470 активни случаи на зараза.