ЈУБИЛЕЈНИОТ 40. МОНМАРТР БЕЗ МЛАДИТЕ ЛИКОВНИ ТВОРЦИ ОД ЦЕЛ СВЕТ, НО ЌЕ ЦРТААТ БИТОЛЧАНИ И ДЕЦАТА ОД ГРАДОТ

Битола, (СМАРТ.СДК.МК)

Ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“ по втор пат ќе се одржи во вонредни услови поради пандемијата со ковид-19, без младите ликовни творци од целиот свет кои секој мај доаѓаа нво Битола да ја цртаат градската архитектура. Јубилејното 40. издание на детскиот ликовен фестивал ќе се одржи од 23 до 30 мај во Битола под раководство на Елена Хаџи Антонова, ќерка на идејниот творец на колонијата и детското ликовно студио во Битола, Коста Хаџи Антоновски кој почина пред повеќе од два месеца.

„Свечено отворање со пригодна програма и огномет ќе се одржи на 23 мај во Старата битолска чаршија, пред платото на Малиот битолски Монмартртр, ќе им се доделат јубилејни награди на пријатели и соработници. Доаѓаат претставници на добитникот на Гран-при ‘Школа 1955’ од Москва да ја примат лично наградата, ќе имаме и гости од Србија кои ќе дојдат да примат награди, наши соработници, почитувачи“, рече Хаџи Антонова.

НА 24 Мај, патрониот празник на Детското ликовно студио од Битола ќе има изложби на отворено низ целиот град. Гардскиот парк кај Саат Кулата ќе биде распослан со штафелаи и цртежи, а на плоштадот Магнолија ќе има големо платно на кое секој граѓанин ќе може да нацрта нешто. Годинава ги нема децата од цел свет да дојдат, но ќе се вклучат граѓаните да нацртаат по нешто на платното.

На свеченото затворање ќе се вклучат децата од градинките и основните училишта во Битола и во еко паркот ќе имаат ликовен час, тие ќе цртаат за „Малиот битолски Монмартр’’.

Општина Битола финансиски и организациски ја поддржа колонија, а и Министерството за култура обезбеди по 95.000 денари за неа и 39. Светска изложба.

Ж. ЗДРАВКОВСКА