На почетокот на 21. век Кина немала брза железница. Низ големата земја се влечеле бавни и често неудобни возови, што долгите патувања ги правело тест на издржливост.

Денес, сликата е целосно променета. Кина ја има најдолгата мрежа на брзи пруги на светот, која изнесува околу 37.000 километри и ги поврзува сите големи градови. Сè било комплетирано од 2008, од кои дури половина во изминатите пет години. Дополнителни 3.700 километри треба да се отворат во текот на оваа година.

Исто така, севкупната мрежа би требала да се зголеми на 70.000 километри до 2035 година.

Со максималната брзина од 350 километри на час на повеќето линии, меѓуградското патување е трансформирано, а доминацијата на авиокомпаниите е скршена на најпрометните релации. До 2020, 75% од кинеските градови со најмалку 500.000 жители имале врска со брза железница.

Шпанија, која во Европа ја има најраширената мрежа на брза железница и втора на светот, може да се пофали со само 3.200 километри линии, изградени за максимална брзина од 250 км/час. Велика Британија има 107 километри брзи пруги, а САД само една линија која може да се оквалификува како брза железница.

Брзата железница за Кина е симбол на економската моќ, брзата модернизација, зголемените технолошки вештини и на растечкиот просперитет.

Кинезите ја изградија целата мрежа на брзи пруги со невидена брзина. Лесно можете да се импресионирате од големината на некои железнички станици и од ефикасноста на системот, кој опслужува огромен број луѓе, сите со резервирани седишта и без користење хартиени билети“, вели Марк Смит, експерт за железнички превоз.