Саемот на книга по 33. пат ќе се одржи од 8 до 14 септември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Тој и оваа година ќе биде организиран во соработка на Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарниците на Македонија, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија.
„Издавачите ги подготвуваат најновите изданија за презентација, а посетителите повторно ќе можат да изберат од големата и разновидна понуда од голем број домашни и странски автори“, најавуваат организаторите, додавајќи дека мотото годинава е „Безбедни саеми“.