Кристијано Роналдо го отвора својот прв хотел надвор од Португалија, во кој вложил 13 милиони евра. „Пестана ЦР7“ во Мадрид е подготвен да ги прими првите гости на 7 јуни, откако Шпанија ги олесни ограничувањата во туризмот и патувањата.
Роналдо поседува успешни хотели од оваа франшиза и во Лисабон и на Мадеира, а бизнисот наскоро ќе го прошири во Њујорк и Маракеш.
Новиот хотел е сместен во целосно обновена зграда од 1923 година и ќе има 168 соби на десет спратови. Ќе содржи теретана, пицерија и спортски бар, како и базен и бар на покривот, од каде што се отвора панорамски поглед на Мадрид.