Горан Пандев за последен, 122. пат вечерва го носеше дресот на македонската фудбалска репрезентација. Со тоа завршуваат една ера во македонскиот фудбал и една од најблескавите репрезентативни приказни во историјата на македонскиот спорт.
Емотивно го испратија неговите соиграчи, а почит му искажаа и Холанѓаните. Му подарија портокалов дрес со број 122 и го наградија со аплауз кога го напушташе теренот во 68. минута.
Пандев беше дел од репрезентацијата цели две децении и неговите постигнувања уште долго ќе стојат ненадминати.